Кумановски носии на “Малешевијата на дланка“

14.08.2012 10:17 | KumanovoNews

 Во рамки на традиционалната манифестација “Малешевијата на дланка“ од 25 до 29 август во Берово ќе бидат изложени кумановски носии од “Етно шоп Беба“. Настанот ќе помине во знакот на фоколорот и народните носии.

Кумановски носии на “Малешевијата на дланка“

Сите помали места имаат културни лета со кои сакаат да го промовираат својот град. Така е со Виница, Пехчево, Кавадарци. Ние бевме на “Илинденски денови“ во Битола. Јас цели 11 години сум присутна на базарите, дома и надвор од државата. На базарите има изложба и продажба истовремено на носиите. Станува збор за македонски носии со кумановски везови - вели Гордана Митровска, менаџер на “Етно шоп Беба“.

По повод Денот на независноста, 8 септември, кумановските носии ќе бидат изложени и во Скопје. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk