Кумановски основци се дружеа со писателот Ванчо Полазаревски

16.12.2014 13:15 | KumanovoNews

Писателот за деца, Ванчо Полазаревски денеска одржа книжевна работилница во библиотеката “Тане Георгиевски“.

Кумановски основци се дружеа со писателот Ванчо Полазаревски

При тоа на децата им објасни како да пишуваат песни за деца.

 “Ќе се обидеме заедно да напишеме песна. Како се создава песна иако е тоа апстрактен процес и за нас возрасните. Ако одам по патот и ми текне на еден стих, првата глетка на патот создава нов стих. Тој се бори со стариот стих, па доаѓа третиот стих. Убаво е децата да се запознаат со чичкото писател, кој ги пишува книгите кои тие ги читаат. Да не биде тоа апстракција, туку дека тој чичко е обичен човек од крв и месо како нив. Тие се мали и еден ден ќе не заменат со својата креативност“ - изјави писателот.

Од библиотеката велат дека во иднина почесто ќе организираат средби на ученици и писатели, за да децата ги сакаат книгите и читаат повеќе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk