Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три кумановски поетеси објавија песни во збирката “Поетска харфа 2“.
Авторки на песните се Верица Петровска, Даница Петровска и Силвана Бојковска.
Учествувам со лични песни посветени на жени во моја околина , жени кои ги почитувам и жени кои ги нема повеќе меѓу живите, а без нив ќе бев посиромашна за некои чувства. Во зборникот се сплотени сите поети што имаат вистински внатрешни чувства, кои биле притаени, недоречени , па сега излегуваат како една непресушена планинска река - вели поетесата Верица Петровска.
“Поетска харфа 2“ ќе биде промовирана на 17 мај во Марков манастир во Скопје. Во неа се сумирани творби од 28 поети од цела Македонија кои сами го финансираат издавањето на книгата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk