Кумановски средношколци на Струмички карневал

15.03.2013 16:54 | KumanovoNews

 Учениците од сите средни училишта со заедничка маска насловена како  “Лазарици“ ќе се претставата утревечер на Струмичкиот карневал.

Кумановски средношколци на Струмички карневал

Утре ќе заминат за Струмица и се враќаат во недела попладне. Специфично за маската е што сите 50 се ученички. Со нив работеа неколку професори во подготовка на маската и тие исто ќе одат во Струмица. Ние и досега сме учествувале на карневалот, а лани добивме и награда - вели Момчило Антевски, директор на СОУ “Перо Наков“.

Последниве три години кумановските средношколци учествуваат на Струмички карневал со групна маска. Тие се сместуваат во струмички семејства кај ученици на нивна возраст, а во мај обично струмичките ученици доаѓаат на маскембал во Куманово.

Директорите на училиштата велат дека ова за учениците е едно убаво искуство, дружење, а секоја година и изработените маски се се поквалитетни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk