Кумановскиот алманах ќе се промовира во Крива Паланка

16.09.2013 09:54 | KumanovoNews

Третиот број на алманахот кој го издаде Друштвото на писатели Куманово на 3 октомври ќе биде промовиран во Центарот за култура во Крива Паланка.

Кумановскиот алманах ќе се промовира во Крива Паланка

Преку Сојузот на писателиски асоцијации ја прошируваме соработката со центрите за култура и со библиотеките низ Македонија. Ние сме единствени по тоа што издаваме мултиетнички алманах. Сите јазици кои се говорат на територија на Македонија ги има во третиот алманах, а во четвртиот кој е во подготовка ќе имаме и монголски поет со песна препеана на македонски јазик - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Промоцијата на алманахот во Крива Паланка е закажана за во 12 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk