Кумановскиот музеј доби поддршка од министерството за 23 проекти

13.02.2019 13:03 | KumanovoNews

Кумановскиот музеј ги добил речиси сите проекти со кои конкурирале во годишната програма на Министерството за култура.

Кумановскиот музеј доби поддршка од министерството за 23 проекти

Директорот Богдан Таневски вели дека е генерално задоволен од она што им е оддобрено, а има примедба само за два проекти, еден им е целосно одбиен, а за еден се одобрени минимални финсиски средства.

Единстевено можам да дадам забелешка што за издавачката дејност не е земено во обзир печатењето на Музејски гласник, а оваа година Музејот одбележуваа 55 години постоење. Вториот проект е санација на куќата на Карпош, ние предвидовме 2 милиони денари, а одобрени се само 150.000 денари, што е многу малку ако се знае во каква состојба е објектот, - вели директорот Таневски.

Кумановскиот музеј има добиени 4 проекти за истражување на археолошки локалитети, 5 проекти од областа на етнологијата, 2 од историјата, 7 ликовни изложби, 2 проекти за едукативни работилници и 3 проекти од историјата на уметноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk