Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“

20.03.2024 15:21 | KumanovoNews

Музеј Куманово добил понуда за соработка од реномираниот Флорида Универзитет од Мајами, САД, за организирање на археолошки камп во регионот на Куманово, односно на лок. Градиште во Бислимска Клисура, с.Пчиња. 

Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“

На кампот би учествувале десетина студенти по археологија, кои ќе бидат дел од тимот за истражување од  Музеј Куманово во 2026 година. Се предлага на проектот да се вклучат и поголем број стручни лица од повеќе дисциплини во истражувањето, и да се изврши и размена на студенти, доколку постои интерес кај нашите образовни институции. 

„Нашиот заеднички проект ќе претставува втора поголема соработка на македонските институции со американски универзитет од осамостојувањето на Македонија (слично функционираше и истражувањето на Коњух со Гетисбург Колеџ и Музеј на Македонија) , и веруваме дека овој метод на работа ќе се користи подолг временски период“, велат од Кумановскиот музеј.

Професорот Флорин Курта е еден од водечките истражувачи од раниот среден век, познат по книгата "Создавањето на Словените/ Making of the Slavs" издадена на Кембриџ, каде што ја преиспитува и негира т.н. Голема преселба на народите и сфаќањето на Словените како компактна етничка целина.

Инаку, во најскоро време се очекува да продолжат годинешните планирани ископувања на локалитет Градиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk