Кумановскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

11.09.2020 07:20 | KumanovoNews

 Со претставата „Телефонот на мртовецот“, Кумановскиот театар вечерва ќе настапи на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата ќе се игра на отворено, на летната сцена во паркот во Струмица, со почеток во 20.30 часот.

Кумановскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Станува збор за необична и интересна драма со многу емоции, во која се испреплетува љубовта и смртта.

„Телефонот на мртовецот“ е работена според драмскиот текст на Сара Рул, а е во режија на Александар Ивановски.

Актерскaта екипа е составена од: Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска и Владанка Димковска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk