Кумановските административци ќе чистат на пет локации во градот

13.12.2019 10:17 | KumanovoNews

 Јавната администрација од Куманово, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, утре ќе чисти на пет локации во градот.

Кумановските административци ќе чистат на пет локации во градот

Според информациите на ЈП „Чистота и зеленило“, ќе се чисти на булеварот Октомриска револуција, помеѓу зградите зад Економското училиште, во Градскиот парк кај Автобуската станица, околу Затворениот базен, на Зелениот пазар и на Пречистителната станица во селото Доброшане.

За учесниците во акцијата ќе биде обезбеден соодветен алат, акцијата ќе започне во 9 часот. Можат да асе вклучат и граѓаните.

  Се планира акцијата да стане традиционална, за да вработените од државните институции помогнат за зачувувањето на животната околина.

Со чистење административците ќе го обработуваат 2 јануари 2019, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. Одлуката беше донесена на владинa седница, а не важи за вработените во здравствените и образовните институции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk