Кумановските археолози ќе соработуваат со колеги од Хеленскиот универзитет

05.02.2020 13:41 | KumanovoNews

Националната установа Музеј Куманово поптпиша договор за соработка со интернационалниот Хеленски универзитет од Солун.

Кумановските археолози ќе соработуваат со колеги од Хеленскиот универзитет

- Соработка се однесува на полето на археологијата, конкретно преку реализација на заеднички проекти, размена на искуства, работилници, летни школи и заеднички настап при аплицирање за европски фондови, - информира Богдан Таневски, директор на НУ Музеј Куманово.

Соработката ќе биде координирана од д-р. Никос Акаматис, експерт за керамика и Дејан Ѓорѓиевски, археолог од НУ Музеј Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk