Кумановските борци го одбележаа Денот на Републиката- 29 Ноември

29.11.2018 20:51 | KumanovoNews

Сојузот на борците на Куманово, денеска со историски час го одбележа Денот на републиката - 29 Ноември.

Кумановските борци го одбележаа Денот на Републиката- 29 Ноември

На овој ден пред 75 години во Јајце била одржано Второто заседание на АВНОЈ, на кој била донесена историскати одлуки коишто имаат големо значење за македонската држава. На заседанието е донесена одлука Југославија да стане федеративна држава, а конститутивни народи покрај Србите, Хрватите и Словенците ќе бидат и Македонците и Црногорците, при што се гарантираат граѓанските права на сите останати малцинства.

 За македонски народ е значајно што на ова Собрание е признаена македонската нација и создавање на македонска федерална единка заедно со другите републики. Тоа се најзначајни одлуки кои се однесуваат за македонското национално државно прашање. Истоа така Македонците биле уважени и со тоа што потпретседател на АВНОЈ е Димитар Влахов, што покажува за големо почитување од оние што го организирале АВНОЈ, пред се Народно ослободителното движење, Народно ослободителната војска, Комунистичката партија, но и другите организации коишто учествувале во одлуките на заседанието,  - изјави историчарот Радован Илиќ.

Врз основа на овие одлуку Комунистичката партија на Македонија, наредната година на 2 Август го одржува Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски, каде ги удира темелите на современата македонска држава.

Борците и почитувачите на НОБ денеска положија цевќе на споменикот Жена борец во центарот на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk