Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на гимназијата „Гоце Делчев„ освои прво место на државниот противпожарен квиз натпревар што денеска се одржа во Неготино.
Во силна конкуренција од седум екипи победници на регионалните натпреварувања, кумановските средношколци покажале извонредни резултати и со право ја освоиле првата награда.
„По подолг период освојуваме прво место и тоа многу значи како за учениците така и за Општинскиот противпожарен сојуз(ОПС), но и за градот Куманово.Ова само покажува дека во изминатиот период учениците серизно ја сфатија работата и успехот не изостана, - изјави Часлав Јовановиќ, секретар во ОПС Куманово.
Победниците ќе добијат таблет компјутери како поединци и пехар како екипа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk