Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово работат на идејата за креирање на интернационално онлајн радио, кое ќе ги поврзува врсниците од повеќе земји и ќе служи за размена на искуства и информации за проблемите и приоритетите на младите.
Оваа активност е дел од проектот „Училишно on line радио”, кое СОУ „Гоце Делчев” од Куманово, го реализира заедно со училишта од Полска, како координатор на проектот, Турција, Португалија и Италија, во рамките на Програмата „Еразмус +”.
Интернационално он лајн радио ќе се вика “Radioactive 5”, а за неговото функционирање се одржуваат повеќе работилници за снимање на поткасти, аудио записи, заштита на авторски права и copyright.
Гимназијата „Гоце Делчев“ работи на тема која е поврзана со проблемите на младите, а деновиве во Куманово престојуваат наставници и ученици од наведените држави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk