Кумановските инстититуции зимоска ќе се грејат на гас

04.10.2010 13:26 | KumanovoNews

 Куманово ќе биде првиот град во државата што оваа зима ќе го користи гасот за затоплување на јавните установи и претпријатија во Општината.

Кумановските инстититуции зимоска ќе се грејат на гас

Јавното претпријатие „Куманово-гас„ ги врши последните подготовки за дистрибуција на гасот, откако изврши приклучок на гасоводната мрежа на 15 големи потрошувачи меѓу кои се: зградите на Општината, Полицијата, Судот, Поштата,основните и средни училишта, градинките, јавните претпријатија, Домот за стари лица и други институции во градот. Сега се во рацете на А.Д. „Гама„, која веќе две години го одолговлекува поставувањето на мерно-регулационата станица за приклучок на магистралниот вод.

 Сите пречки на примарната и секундарна мрежа се одстранети и сега чекаме „Гама„ да ја постави главната регулациона станица со што во Куманово ќе започне протокот на природен гас.

Во текот на летото беше тестирана целата мрежа и Државниот инспекторат за садови под притисок издаде решение за исправност на поставениот цевковод, а Регулаторната комисија за енергетика даде дозвола за вршење на дејноста - вели Олгица Димитриевска од ЈП „Куманово-гас„.

Од локалната самоуправа очекуваат приклучувањето на гасот значително да ги намали сретствата што се одвојуваат за греење со  нафта и мазут, бидејќи гасот е многу поевтин енергенс.

 При тоа ќе има и нови вработувања биедејќи  ЈП „Куманово-гас„ ќе ангажира работници на монтажа, сервисирање и одржување на системот. До сега се изградени 16 насто од 150 километарската гасоводна мрежа. Во градот има 32 000 стамбени единици потенцијални потрошувачи на природниот гас и над 2000 стопански објекти и институции. Кумановските домаќинства од наредната година ќе може да го користат гасот кога ќе се изгради остатокот од секундарната мрежа. Проектот започна амбициозно уште во 2006 и досега се потрошени околу 3 милиони евра од буџетот на Општината, а целиот проект чини 10 милиони евра.  За целосно завршување на проектот ќе се бара јавно-приватно партнерство.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk