Кумановските лекари бараат подршка од пациентите за штрајкот

27.11.2012 11:01 | KumanovoNews

 Специјалистите од Општа болница Куманово од денеска го радикализираа штрајкот. Ќе работат само интерната и хируршката амбуланата, ќе се примаат само итните случаи, додека останатите амбуланти нема да работат.

Кумановските лекари бараат подршка од пациентите за штрајкот

Две третини од специјалистите во оваа установа го поддржуваат штрајкот, кој го иницираа скопските клиники.

- Ние од прв ден штрајкуваме. Работат само докторите за итни случаи, ниту еден пациент не е вратен кој дошол да побара лекарска помош. Сите се прегледани и каде што ќе се утврди дека постои витално загрозувачка состојба, тој пациент се третира, се хоспитализира и се оперира. Сите други се препорачува да одат до матичните лекари. Упатуваме една молба до пациентите, да не разберат, да не поддржат, бидејќи ова што го правиме е за нив. Пациентите не се бројки, не се предмети. Ние сме лекари, но некогаш и ние сме пациенти - вели Билјана Анастасовска, претседател на локален штрајкувачки одбор.

Лекарите велат дека медиумите не известуваат за штрајкот и со тоа надлежните се обидуваат пациентите да ги свртат против лекарите. Кумановските специјалисти штрајкуваат 13 дена по ред. Барањата се да се покачат платите и да укине плаќањето по учинок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk