Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските лекари денеска половина час мирно протестираа, во кругот на Општа болница Куманово со што се солидаризираа со скопските колеги, по инцидентот во кој пред некој ден беше пукано во хирург во Скопје.
Бараат под итно да се донесе Закон за заштита на лекарите и здравствените установи 24 часа да имаат обезбедување, да се води поголема контрола кој влегува во болниците.
За време на паузата мирно протестиравме. Се солидаризираме со лекарите од скопските клиники поради немилиот настан кој се случи пред некој ден, поради понижувачкиот однос кон лекарите и другите здравствени работници и соработници - вели Билјана Анастасовска, претседател на клинички синдикат во Општа болница Куманово.
Лекарите бараат во болниците да се влегува на еден влез и да се прецизира кога има посети, за да нема постојано проток на луѓе низ болниците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk