Кумановските ликовни уметници да пријават дела за изложба

21.10.2014 15:01 | KumanovoNews

Од Уметничка галерија Куманово, ги повикуваат академските ликовни уметници од Куманово, до 1 ноември да се пријават за учество на изложбата “Кумановски ликовни уметници 2014“.

Кумановските ликовни уметници да пријават дела за изложба

Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Делото треба да биде со податоци од авторот, наслов и димензии на истото. По повод 11 Ноември, Денот на ослободување на град Куманово, Уметничката галерија при Музеј - Куманово, традиционално ги претставува кумановските ликовни уметници. Изложбата ќе се реализира на 7 ноември, а за истата ќе биде испечатен каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk