Кумановските народњаци се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ

01.02.2012 15:39 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-НП потврдија дека нивните членови  се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Централниот комитет.

Кумановските народњаци се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-НП се враќа во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-Народна партија Марјан Додовски.

Заедно со него, како што рече, во ВМРО-ДПМНЕ се враќа најголем дел од членството - генералниот секретар, поголем број членови на Централниот комитет, голем дел од членовите на општинските комитети и речиси сите претседатели на општинските комитети.

И од општинскиот комитет на ВМРО-НП потврдија дека кумановските народњаци се приклучуваат кон одлуката на централниот комитет.

За понатамошните активности на огранокот и партијата дополнително ќе биде известена јавноста- кратко прокоментира претседателката  Елизабета Симоновска.

Генералниот секретар на ВМРО-НП Миле Јакимовски, кој е советник во Советот на Општината Куманово е на пат во Ирска со градоначалникот Зоран Дамјановски и од него не можевме да добиеме мислење.  По најновиот развој на настаните како ќе се  одвиваат натамошните односи и што ќе стане со коалицијата на ВМРО-НП и СДСМ на локално ниво останува да се види.

Една од причините за враќање на ВМРО-НП во ВМРО-ДПМНЕ е и незадоволството од најавата на Љупчо Георгиевски да коалицира со СДСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk