Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 1500 просветните работници од кумановските оновни и средни училишта на 20 јануари ќе се приклучат на штрајкот на просветните работници што го организира СОНК.
Наставниците бараат зголемување на платите за 25 отсто, поедноставување на административните обврски и укинување на казните за наставниците по екстерното тестирање.
“ Во Куманово ќе штрајкуваат над 1500 наставници, а на ниво на држава околу 30.000“. На 20 јануари почнуваме со класичен штрајк, кој ќе трае се до исполнување на нашите барања. Покрај старите барања кои сме ги кажувале многупати, бараме покачување на платите за 25 отсто. Да нема драконски казни за наставниците бидејќи такво искуство нема никаде во светот. - кажа Никола Стојмановски, секретар на Регионален просветен синдикат.
Наставниците кои нема да се приклучат на штрајкот, поради кршење на статутот на СОНК ќе бидат исклучени од синдикатот.
Овој штрајк беше најавен на последниот протест на просветарите, кој се одржа пред неколку месеци во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk