Кумановските новинари избраа старо-нов координатор

14.02.2011 14:33 | KumanovoNews

  Кумановските локални новинари и дописници во саботата избраа координатор на Регионалниот центар на Здружението на новинарите на Куманово.

Кумановските новинари избраа старо-нов координатор

Со едногласна одлука, на чело на Регионалниот центар и во наредните четири години останува досегашниот координатор Сузана Николиќ, дописник на весникот ВЕСТ и уредник на електронскиот портал Kumanovonews. На изборниот состанок новинарите-членови на ЗНМ се изјаснија дека Николиќ во изминатите две години успешно раководеше со кумановскиот Регионален центар и, согласно одредбите на на Статутот на ЗНМ, и‘ изразија доверба таа функција да ја обавува и во наредните четири години. Позитивна оценка за нејзиното раководење со Регионалниот центар дадоа и претседателот на ЗНМ Насер Селмани и членот на Управниот одбор на Здружението Фиљана Кока кои учествуваа на состанокот на кумановските новинари. На состанокот стана збор и за претстојните активности во контекст на програмските документи донесени на последното Изборно собрание на ЗНМ во декември 2010 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk