Кумановските пчелари донираа мед во „Порака наша“

18.02.2022 11:57 | Сузана Николиќ

Здружението на пчелари „Пчела“ донираше мед на Дневниот центар за лицата со попреченост „Порака наша“ во Куманово. 

Кумановските пчелари донираа мед во „Порака наша“

Пчеларите однесоа 26 тегли мед за сите корисници и вработени во центарот.

„Немавме посебен повод, се договоривме да направиме акција со нашите производи за да го поттикнеме користењето на медот во секојдневната исихрана, а истовремено и некого да израдуваме. Во договор со колегите одлучивеме тоа да биде „Порака наша“ и не згрешивме, бидејќи наидовме на многу топол прием, искрена насмевка и благодарност од сите корисници и вработените“, изјави новиот претстедател на здружението, Бобан Стошевски. 

Тој најавува дека во наредниот период ќе имаат повеќе активности, акции и саеми,  а размислуваат и за крводарителска акција на која секој крводарител ќе добие тегла мед.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk