Кумановските пчелари на саем во Белград

02.10.2015 08:20 | KumanovoNews

Дваесетина кумановски пчелари во сабота организирано ќе посетат меѓународен пчеларски саем во Белград, соседна Србија.

Кумановските пчелари на саем во Белград

На саемот ќе бидат изложени мед, пчелни производи, опрема, ќе има предавања и слично. Од пчеларското друштво “Пчела“ велат дека секоја година го посетуваат овој саем бидејќи има што да се види.

Ќе се запознаеме со новитетите кои се поврзани со одгледување на пчели како и препарати. Ќе има предавања од српски врвни предавачи и предавач од Италија. Ние ги одржуваме тие контакти и пријателски односи со друштвата од Србија, а од некои имаме и понуда за збратимување - вели Часлав Ристовски, претседател на „Пчела“.

Членовите на „Пчела“ неколку пати годишно посетуваат саем за пчеларство во странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk