Kумановските пензионери бесплатно во Катлановска бања

16.03.2012 09:41 | KumanovoNews

 Вкупно 344 пензионери од кумановско годинава ќе одат на бесплатна бањско климатска рекреација.

Kумановските пензионери бесплатно во Катлановска бања

Според списокот што го објави Министерството за труд и социјална политика, пензионерите ќе можат да се одмараат и да се рехабилитираат само во Катлановска бања, каде што е резервиран седумдневен престој за 12 групи од подрачјето на Куманово. Првата група која ќе брои 35 пензионери, заминува на бања во понеделник на 19 март, а последната група својот бањски третман ќе може да го искористи од 8 до 14  јуни.

Од Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Куманово информираа  дека програмата за бесплатната бања предизвикала голем интерес кај пензионери.

Инаку услугата за бањско климатска рекреација, опфаќа шест полни пансиони, три оброци дневно, еден задолжителен здравствен преглед како и трошоци за превоз од местото на живеење на корисникот до бањата.

Годинава на бесплатно бањско лекување ќе заминат над 10.000 пензионери од Република Македонија, а за таа намена ќе бидат издвоени 35 милиони денари од државниот буџет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk