Кумановските пензионери сакаат бања

03.03.2014 10:20 | KumanovoNews

Голем е интерсот на кумановските пензионери да заминат на беплатна бања.

Кумановските пензионери сакаат бања

Над 1300 пензионери од Куманово аплицирале во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да заминат на бесплатно бањско лекување.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека барањата се обработуваат и околу 20 март ќе се знае кои пензионери ќе можат да заминат на бања. Право на бесплатна бања имаат пензионерите кои досега не биле на бања на товар на држвата и оние кои имаат мали пензии. За оваа категорија пензионери ќе бидат обезбедени 6 полни пансиони во некој од бањско-рекретаивните центри во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk