Кумановските пензионери утре ќе бираат ново раководство, двајца кандидати за претседателската функција

22.03.2023 19:20 | Сузана Николиќ

Делегатите на Здружението на пензионери Куманово, утре на изборна седница ќе бираат ново раководство, кое ќе ги предводи  во наредните 4 години.

Кумановските пензионери утре ќе бираат ново раководство, двајца кандидати за претседателската функција

На конститутивната седницата прво ќе се верификуваат мандатите на 35 делегати кои се избрани од 24 ограноци на здружението, а потоа ќе се гласа за кандидатите за претседател на Собрание, претседател и потпретседател на здружението и членови на органите-извршен и надзорен одбор и одбор за статут и правни прашања, кои ќе бидат предложени на самата седница.

Според неофицијални информации во трка за нов претседател се Ристо Бошков и Жика Крстевски, но постои можност да има и други предлози.

Изборите во Кумановското здружение се организираат во редовен термин, но предходното раководство беше сменето еден месец пред завршување на мандатот, поради неправилности во работењето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk