Кумановските поети на Струшките вечери

10.01.2014 09:42 | KumanovoNews

Друштвото на писатели Куманово, годинава предвидувa да реализира триесетина активности меѓу кои и учество на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

Кумановските поети на Струшките вечери

Традиционално останува одбележувањето на државните празници, посета на училишта, поетско музичка вечер со наградени ученици, промоција на 4 - от алманах, Бдеење на Кокински мугри и соработка со најмалку 7 поетски друштва од земјава. Во 2014 година кумановските писатели ќе соработуваат со поети од Бугарија и ќе организираат средба со добитниците на книжевната награда “Браќа Миладиновци“, велат од друштвото.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk