Кумановските пожарникари го прославија празникот

20.05.2016 13:57 | KumanovoNews

 Кумановските пожарникари денеска го одблежаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Кумановските пожарникари го прославија празникот

По тој повод беше организирана мала свеченост за соработниците, претставници од повеќе општински и државни установи.

„Од почетокот на годината досега интеревениравме на 90 пожари, што е помалку во однос на истиот период лани. Добро сме екипирани имаме 51 вработен, што е значителен напредок, кога имавме дваесетина луѓе помалку. Со ова успеваме навремено да интервенираме во кој било дел од општината,- изјави Деан Илиевски, командир на кумановската противпожарна единица.

 Во рамки на одбележувањето на Денот на пожарникарите, вчера во кумановската градинка „Ангел Шајче“ беше организирана тактичко показна вежба за евакуација на деца во случај на пожар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk