Кумановски пожарникари помагаат во гаснење на пожарот во Тетово (видео)

22.11.2023 14:23 | Сузана Николиќ

Екипа на Територијалната противпожарната единица Куманово (ТППЕК) се вклучи во гаснењето на големиот пожар во Фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше. 

Кумановски пожарникари помагаат во гаснење на пожарот во Тетово (видео)

Командирот Деан Илиевски вели дека нивната екипат заминала на испомош околу пладне, откако од нив била побарана помош од ЦУК и тетовските пожарникари. 

„На местото на настанот е една екипа од 5 пожарникари и едно возило со сета потребна опрема за гаснење на вакви пожари. Имаат и опрема за користење на пена, бидејќи горат бои и лакови. За понатаму чекаме инструкции, доколку има потреба ќе пратиме и зајакнување“, вели Илиевски.

На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

"Во 10.30 часот е добиена пријава за пожар во просториите на "Еврком", магацин каде што меѓу другото имало и поголема количина на бои и лакови и други хемикалии. Зборував со сопственикот, кој кажа дека можеби имало и сто тони од овие хемиски матери кои се зафатени од огнот. По пријавата веднаш интервенираа пожарникарите на ТППЕ Тетово, но ние повикавме помош и од скопската бригада,  кумановската противпожарна едница и велешката. Тие помагаат во гасење на пожарот кој е во напредна фаза, постои голема можност зградата да се урне поради високата температура, постои опасност и надворешните ѕидови покрај кои минуваат локалните патишта да бидат се урнат, така да од полицијата побаравме да ги затворат околните улици за движење. Квалитетот на воздухот е многу лош па апелирам да не се отвараат прозорците на неколку километри одалеченост и да не излегуваат без поголема причина граѓаните од околината", изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk