Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само три барања за дискриминација при вработување, по основ на пол и возраст, се испратени до Државна комисија за заштита од дискриминација, соопштуваат од Регионален синдикат.
Работодавачите на луѓе кои имаат 40 или 45 години им рекле дека се престари за работа или ги одбиле со образложение дека немаат доволно добро познавање на странски јазик и работа со компјутери.
“Станува збор за работници кои конкурирале на позиции од областа на образованието и кожарско-чевларската индустрија. Се забранува на работодавачот бри барање на работа од страна на кандидатката да ја прашува за делот од интимната сфера на живеење, брачниот статус, дали е бремена, кога и колку бремености планира, така што работодавецот на тој начин не може да прави дискриминација на оние кои што бараат работа“ - изјави Гордица Бошковска, правен застапник во Регионален синдикат Куманово.
Многу жени се соочиле со вакви проблеми, но ретко реагираат или поведуваат судска постапка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk