Кумановските синдикалци и граѓани ќе учествуваат на Првомајскиот протест во Скопје

30.04.2025 15:19 | KumanovoNews

Во организација на Регионалната синдикална канцеларија утре членови на синдикатот и граѓани на Куманово, ќе учествуваат на Првомајскиот протест во Скопје.

Кумановските синдикалци и граѓани ќе учествуваат на Првомајскиот протест во Скопје

Ова година протестот е под мотото „Ако не ние, кој? Ако не сега, кога?“.

„Организиран е превоз на заинтересирани со еден автобус, но дел од нив во Скопје ќе заминат со приватни возила, во сопствена режија. Ова година нешто поскромно од вообичаено, но сепак земаме учество на Првомајскиот протест, онака како што прилега“, информираат локалните синдикални претставници.

Протестот е закажан да започне во 11 часот, а поаѓањето е од пред зградата на ССМ. Барањата ќе бидат испорачани пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

„Работниците во Македонија имаат многу причини за и ниту една причина против за излегување на протест на 1 Мај. Денеска, сите ние, имаме можност заедно да покажеме дека не сме задоволни од висината на работничките плати, дека не сме задоволни што не се почитуваат колективните договори. Работниците бараат достоинствена плата и достоинствена работа, бараат минимална плата од 500 евра и зголемување на сите останати плати“, се вели во повикот на Сојуз на синдикати на Мкаедонија, организатори на протестот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk