Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Училиштата во Куманово денеска ги добија дезинфекциските средства што ги набави Министерството за здравство, заради заштита од коронавирус.
Средствата за дезинфекција рамномерно ќе бидат распоредени според бројот на ученици и паралеки во училиштата.
Општина Куманово доби 521 парче за потребите на основните училишта и 242 средства за средните училишта.
- Во текот на денот ќе бидат распоредени во училиштата и ќе се стават на користење. Според спецификацијата што ја добивме станува збор за висококвалитетен алкохолен дезинфекциенс со широк спектар, брз ефект и долготрајно дејство, кој се користи за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце, - изјави раководителот на Одделението за основно образование Александар Саздевски.
Министерството за здравство одлучи да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети, како една од мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk