Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера попладне спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.
- На територијата на Општина Куманово спроведени се контроли во 40 угостителски објекти. Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата, - соопштуваат од МВР.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk