Кумановските земјоделци ќе се претстават на Агрофуд

28.09.2015 08:55 | KumanovoNews

Здружението на земјоделски производители Куманово во четврток, петок,  сабота и недела со свој штанд ќе се претстави на саемот Агрофуд во Скопје.

Кумановските земјоделци ќе се претстават на Агрофуд

На штандот ќе бидат изложени културите кои се одгледуваат во кумановско.

Од производи ќе имаме пипер, зелка, праз, компир, јаболка, кој што произвел. Ние секоја година учествуваме на саемот, тоа ни е традиција која трае повеќе од 10 години. Ова го правиме во име на земјоделците. Поканети се луѓе од прехранбена, млечна индустрија, винарии - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.

Ивановски објаснува дека ако има интерес од фармерите, на 13 октомври ќе посетат земјоделски саем во Измир, Турција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk