Кумановското кино го посетиле 1400 граѓани

19.05.2015 09:08 | KumanovoNews

Киното “Козјак“ лани го посетиле 1449 посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кумановското кино го посетиле 1400 граѓани

Во текот на 2014 година во ова кино се прикажани 4 странски филмови и 9 странски кинопретстави.

Се работи главно за претстави кои ги посетуваат уцениците, а добра посетенот имаше и на Фестивалот на германскиот филм, -велат од кино Козјак.

Поголема посетеност од кино “Козјак“ имале битолското, прилепското, скопските кина, охридското и светиниколското кино, а послаба посетеност имале кината во помалите градови како Струмица, Кочани, Струга, Крива Паланка  и Гевгелија.

На ниво на држава споредено со 2013 година, во 2014 година бројот на посетители е намален за 2.3 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk