Кумановското обвинителство оформи предмет за загадувањето на Крива река

03.04.2025 16:39 | KumanovoNews

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово оформи предмет за загадувањето на Крива река од рудникот Тораница, во Крива Паланка. 

Кумановското обвинителство оформи предмет за загадувањето на Крива река

Од Обвинителството велат дека вчера имале средба со претставници на Инспекторатот за животна средина кои денеска ги доставиле информации од извршените контроли, кои тие им ги побарале.

„Оформен е предметот и ќе постапуваме по него. Ќе се направат дополнителни анализи на квалитетот на водата, а ќе се направат и други вештачења од лице место. Врз основа на тоа ќе се донес одлука дали ќе има обвинение или не“, велат од ОЈО Куманово.

 Од Обвинителството додаваат дека ќе биде повикани и претставници на Општина Крива Планка, иако досега оттаму нема пријава за случајот до нив.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk