Кумановското обвинителство поведе постапки против пет лица заради прекршување на полицискиот час

14.04.2020 14:43 | KumanovoNews

 Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за пет лица за прекршување на полицискиот час.

Кумановското обвинителство поведе постапки против пет лица заради прекршување на полицискиот час

- Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Куманово пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест КОВИД-19,- соопштуваат од Основното јавно обвинителство во Куманово.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во износ од по 1000 евра во денарска противвредност.​

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk