Кумановското здружение на дијабетичари меѓу најмасовните

12.06.2013 08:17 | KumanovoNews

 Здружението на дијабетичари од Куманово е едно од најмасовните и најактивните во земјава.

Кумановското здружение на дијабетичари меѓу најмасовните

Секојдневно добиваме нови членови заболени од дијабетес. Ќе отидат во лабараторија  поради друга причина за испитување и откриваат дека боледуваат од дијабетес. Имаме 5200 члена од кои 2000 се на инсулинска терапија. Само со последниот проект кој го направивме во руралните средини има нови 5,7 отсто откриени случаи на дијабетес. Наесен планираме таа акција да ја повториме - вели Драган Гачевиќ, претседател на здружението.

Со неколку предавања годишно здружението ги едуцира дијабетичарите како полесно да се справат со болеста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk