Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ротаракт Клуб Куманово, по повод одбележување на Светската недела на Ротаракт, утре (сабота) организира хуманитарна акција, приклучувајќи се на „Buy One More“ кампањата организирана од страна на E.R.I.C (European Rotaract Information Centre).
Овој настан претставува прв заеднички Европски Ротаракт проект од општествен карактер. Целта е да се поттикнат граѓаните да купат еден производ повеќе во текот на редовното купување на намирници во локалниот маркет и да го донираат на нивните сограѓани од социјално загрозените категории.
Акцијата ќе се спроведе во маркетот Тинекс од 12 до 18 часот.
Собраните прехранбени продукти ќе бидат донирани на социјално загрозените семејства во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk