Купи велигденско јајце-помогни на лицата со посебни потреби

29.04.2016 13:24 | KumanovoNews

Здружението „Ротаракт Клуб Куманово“, заедно со Здруженијата „Инервил Клуб Куманово“ и „Ротари Клуб Куманово“, по втор пат организираат Велигденска хуманитарна акција под наслов „Креирај подобро утре. Донирај од срце“.

Купи велигденско јајце-помогни на лицата со посебни потреби

На продажниот хуманитарен базар ќе бидат изложени велигденски јајца бојадисани и украсени од членовите на клубовите.

Акцијата ќе се одржи утре (30.04.2016) на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, пред експозитурата на Охридска Банка, во периодот од 11 до 15 часот.

Собраните средства ќе бидат донирани на паралеките со ученици со посебни потреби при ОУ „Браќа Миладиновци“.

Покажи ја својата хуманост за подобро образование и подобри можности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk