Купил ауди па му ставил украдени таблички

06.06.2014 12:48 | KumanovoNews

С.Д.(29) од село Клечовце на својот автомобил кој не бил регистриран ставил туѓи регистарски таблички.

Купил ауди па му ставил украдени таблички

Тој во февруари годинава од лице во Скопје купил автомобил марка “ауди“ , но немал пари да го регистрира и вметнал таблички од автомобил “опел омега“ кој лице од Куманово му го оставило заради поправка.

Против С.Д. е поднесена кривична пријава за употреба на исправа со невистинита содржина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk