Купил мотор без документи па направил сообраќајка

18.03.2016 14:53 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и М.А.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Купил мотор без документи па направил сообраќајка

Д.Ј. откако набавил моторцикл марка „Јамаха“ по пат на механичка обработка го избришал фабричкиот број на шасијата на истиот и како таков за одредена сума на парични средства го продал на М.А. без регистарски број и без сообраќајна дозвола, кој пак го управувал моторциклот во јавен сообраќај се до 19.01.2016 година, кога со истиот учествувал во сообраќајна незгода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk