Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За Куманово сеуште нема податоци за загаденоста на воздухот, иако на веб страната на Министерството за животна средина дневно се ажурираат податоци за другите градови.
Проблемот е што мерната станица во кругот на Општа болница Куманово подолг период не работи и никако да се поправи.
- Во тек е постапка за набавка на резервни делови и пратена е информација до Влада за да ни одобрат средства од буџетот. Сеуште не знаеме дали ќе бидат деловите набавени тука во Македонија или од страство, но ќе гледаме да биде тоа во најкраток можен рок - одговара Сашо Секуловски, портпарол на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Сличен одговор од надлежните добивме и минатата година, но решавањето на проблемот тапка во место.
Податоците покажуваат дека најзагаден е воздухот во скопските општини и Тетово, а најчист е воздухот во Лазарополе. Луѓе кои ја следат оваа проблематика сметаат дека и Куманово има предиспозиции за загаден воздух бидејќи има голема фрекфенција на возила по градските улици, а повеќето граѓани се грејат на дрва.
Податоци за квалитетот на воздухот освен за Куманово, нема ниту за Кавадарци и Битола.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk