Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од идната недела аерозагадувањето во Куманово ќе се мери со шест мерни станици.
Тие ќе бидат поставни на различни делови во градот и приградските населби, а информациите ќе бидат достапни за граѓаните преку општинската веб-страна.
„Ние сме прва општина којашто ќе има сопствен систем за мерење на аерозагадувањето во градот. Секој граѓанин ќе може на дневна основа да го следи загадувањето и состојбата со воздухот.
Станиците ќе бидат поставени на 6 различни локации, две во централното градско подрачје и во населбите“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
За набавка на мерните станици издвоени се околу 660.000 денари од општинскиот буџет.
Со поставувањето на новите мерни станици се очекува континуирано следење на аерозагадувањето во Куманово, но и поефикасна контрола и интервенција за преземање на соодветни мерки од страна на надлежните служби.
Куманово со години наназад е една од најазагадените општини во државата. Единствената мерна станица е поставена во дворот на Општата болница во Куманово, која се смета за еден од најголемеите загадувачи, бидејќи се грее на мазут. Поради тоа често пати надлежните ги релативизираа високите вредности на загадувањето со објаснување дека се резултат на согорувањето од греењето и издувните гасови од автомобилите, поради високата концентрација на сообраќај во тој дел на градот.
После неколку години најава, конечно е гасифицирана Кумановската болница, а системот за парно греење на гас треба да започне да работи деновиве.
Постојано се работи и на проширување на гасоводната мрежа во стпанските субјеки, стамбените комплекси и индивидуалните куќи, се со цел да се намали употребата на енергенсите кои се најголеми загадувачи на воздухот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk