Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, денеска се најде пред советниците.
Во општина Куманово во првиот квартал реализирани се 358.753.325 денари од планираните 1.793.766.626 денари или 20 проценти од вкупниот буџет на општина Куманово. Додека реализираните расходи се 322.877.992 денари или 18 одсто.
Советниците од опозицијата сметаат дека малата реализираност се должи на нереалното проектирање на буџетот.
„Имаме потфрлување на буџетот затоа што е нереален и претставува желби на локалната власт. Не знаете или не сакате да го проетирате буџетот, кој сега не можеме да го реализираме. Кога се проектира буџетот не се прифаќаат нашите забелешки и секоја година се повторува истата состојба“, - рече советникот Мирослав Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во буџетот само дотациите од Владата за исплата на плати на администрацијата се постојани додека останатите приходи и расходи не се предвидливи. Раководителот на секторот за финансии Ирена Илиевска го бранеше буџетот и рече дека реализацијата отстапува само 5 проценти што не претставува голем проблем.
„Буџетот е план на приходи и расходи на годишно ниво и неможе се да се предвиди со точност. Реализацијата на приходи за првиот квартал отстапува само 5 насто. Наместо предвидените 25 проценти реализирани се 20 проценти“, - рече Илиевска.
На ова реплицираше советникот Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека ако се пресмета математички не станува збор за 5 туку за 20 насто, отстапување од реализираното.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk