Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невладината организација „ЛАГ АБЕР 2015“, со средства обезбедени проект ќе ја уредува туристичката инфраструктура околу локалитетот Кокино.
„Проект предвидува оградување на дел од локалитетот и уредување на место за одмор -видиковец, за туристите, во непосредна близина на Кокино. Оградувањето на Кокино до сега претставуваше огромен проблем за успешно менаџирање со туристичките посети на локалитетот, како и потреба за поголема заштита на самото место, а за кое што е константно апелирано од страна на НУ Музеј Куманово до надлежните институции во последните 15 години“, - информира претседателот на „ЛАГ АБЕР 2015“, Дејан Ѓорѓиевски.
Тој додава дека за овој проблем алармираше и Комисијата на УНЕСКО при разгледувањето на апликацијата за Кокино, додека пак туристите ја наведуваа лошата инфраструктура и непостоењето на места за одмор како главна негативна страна на местото.
„ЛАГ АБЕР 2015“ истовремено ќе реализира и проект за набавка на современа механизација - атомизер, ѓубрерастурач и дизел генератор, која што ќе биде користена од страна на нашите членови - земјоделци, по претходна нивна обука.
Договорот за финасирање на двата проекти во висина од 10.000 евра и потпишан е во просториите на Министерството за земјоделие, во присуство на министерот за земјоделие Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk