Лајонс клуб донирашe навлаки за инвалидски колички во Кумановската болница

04.09.2024 18:03 | Оливера Пешевска

Лајонс клуб Куманово донираше 15 навлаки за инвалидски колички на Општата болница во Куманово. Донацијата е во рамките на редовните активности на клубот, а набавени се откако болницата доби 86 половни инвалидски колички.

Лајонс клуб донирашe навлаки за инвалидски колички во Кумановската болница

„Редовно одржуваме хуманитарни акции и често соработуваме со Кумановската болница, но и со други институции и организации. Сегашнава акција е во рамките на една поголема, на национално ниво, и болниците од други градови во Македонија ќе добијат исти вакви навлаки, па решивме и ние да се вклучиме за да помогнеме на сограѓаните, кои ќе имаат потреба од нив“, истакна Драган Петковски од клубот.

Лајонс клуб Куманово организира најмалку 10- тина акции на годишно ниво. Локалното здружението е основано во 2007 година, и до сега имаат одржано најмалку 150 хуманитарни активности.

Сите активности се спроведуваат од сопствени финансиски средства.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk