Лани имало 2700 крводарувања

15.01.2015 09:25 | KumanovoNews

Општинската организација на Црвен Крст Куманово, лани, бележи 2700 крводарувања, реализирани на 40 - тина крводарителски акции.

Лани имало 2700 крводарувања

Крв даруваат средношколците, членови на партии, здруженија, вработени во јавни претпријатија и други.

“Сите даваат крв, училишта македонски и албански јазик, јавни претпријатија, политички партии по два пати годишно, здруженија. Младите највеќе даваат крв на вонредни летни акции во јули и август за да одат во Дојран. Максимум имавме во 2012 година и тоа 3100 крводарувања, додека во 2008 година имавме 1939 крводарувањa“ - вели Ива Младеновска од Црвен Крст Куманово.

И оваа година ќе бидат организирани околу 40 акции за дарување на крв во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk