Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синдикатот на единицата за брзи интервенции „Лавови“ бара од политичките партии и државните институции позитивно да влијаат во разрешување на сериозната политичка состојба во Република Македонија.
„Ставот на единицата „Лавови“ е исклучиво за интересите на Република Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивната верска, расна, политичка или етничка припадност.Го повикуваме претседателот да побара јавно извинување од Република Албанија за мешањето во внатрешните работи на Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа. Албанските партии да престанат со националистичка реторика и да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите во Република Македонија и да се откажат од утопистичката идеја за Голема Албанија.Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите. Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме братоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси, - стои во соопштението на единицата „Лавови“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk