Лажна дојава за бомба во Револушн

17.01.2016 13:27 | KumanovoNews

Ноќеска, 20 минути по полноќ, непознато лице телефонски се јавило во Кумановската полиција и пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа.

Лажна дојава за бомба во Револушн

Полициските службеници од СВР Куманово веднаш излегле на лице место. Поради безбедносни причини од објектот биле евакуирани сите гости, по што од страна на стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР , е извршен увид на лице место.

Од извршениот увид е констатирано дека во објектите нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

Фото: Репортер
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk