Лажна пријава за бомба во основно училиште во Куманово

19.03.2026 14:55 | KumanovoNews

Во основно училиште во Куманово денеска напладне било пријавено дека е поставена бомба.

Лажна пријава за бомба во основно училиште во Куманово

„Околу 12:50  часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска  адреса на  основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk